Ретклиф нема да штеди пари: Манчестер јунајтед го прави најголемиот трансфер во историјата?


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед не личи на гигантот од пред неколку години и има очајни резултати во изминатиот период, па затоа се подготвува нова револуција во премиерлигашот.

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф ќе преземе 25 отсто од акциите на клубот и контролата над спортските работи на „Олд Трафорд“.

Тренерот Ерик Тен Хаг набрзо би можел да добие и ново засилување од Атлетик Библао, а тоа е кружниот напаѓач Нико Вилијамс.

Доколку Јунајтед тргне по неговиот потпис во јануари, тогаш ќе мора да плати рекордна сума, односно над 105 милиони евра колку што претходно исплати за Пол Погба од Јувентус.