Ретклиф нема милост: Уште еден фудбалер заминува од Манчестер јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед го освои ФА-купот, но не ги оправда очекувањата на газдите и поради тоа е планирана реконструкција ова лето.

Веќе беше најавено дека ќе заминат неколку играчи, а последен кој ќе го напушти „Олд Трафорд“ е Брендон Вилијамс.

Вилијамс е дете на „црвените ѓаволи“ и играше на позајмици во Норич и Ипсвич, а може да ги покрие двете бековски позиции.

Досега од Манчестер си заминаа Рафаел Варан и Ентони Марсијал, но се очекува да бидат продадени уште неколку играчи.