Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Приказните за НБА Европа можеби малку се „стишија”, но далеку од тоа дека не се присутни. Една доаѓа од Англија каде што се зборува за создавање на кошаркарскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Наводно, Џим Ретклиф го одобрил создавање на кошаркарската секција.
Поточно, повторното покренување на кошаркарската секција, бидејќи Јунајтед имал кошаркарски клуб цели три години – од 1985 до 1988 година.
Јунајтед е еден од фудбалските великани кој ќе се впушти во оваа авантура, конечно од финансиски мотиви.
Во рамките на приказната за покренување на проектот НБА Европа се споменуваат исто така и Пари Сен Жермен, но и извонредните кошаркарски великани Реал Мадрид, Барселона и Бајерн кој има кошаркарска традиција. Се споменуваат и Галатасарај, Бешикташ, Фенербахче и интересно – Бетис.
Во тој контекст, англиските медиуми пишуваат дека Ретклиф го одобрил покренувањето на кошаркарскиот клуб, а и изградбата на кошаркарската сала, покрај Олд Трафорд. Салата би требало да има 15.000 места.
















