„Ретко кој знае дека моето презиме не е – Касемиро!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Касемиро заедно со репрезентацијата на Бразил го очекува мечот од второто квалификациско коло за Светското првенство, а притоа даде интервју за една шпанска телевизија.

Бразилецот зборуваше за формата на Бразил, па имаше само пофалби за селекторот и сонародниците, но даде коментар и за Реал Мадрид, како и за тоа дека неговото презиме не е Касемиро, како што мислат многумина.

„Ретко кој знае дека не се презивам Касемиро. Кога играв во Бразил на еден натпревар луѓето почнааа да ме викаат Касемиро. Одиграв одличен н меч и одлучив да продолжат така да ме викаат“, изјави Бразилецот.

Касемиро откри и како го избрал бројот 14.

„Кога се вратив откако бев во Порто ми кажаа да бирам помеѓу 21 и 14. Не размислуав многу, ја земав 14-ката поради Чаби Алонсо и Гути. Тоа беа играчи со кои растев и од кои учев“, изјави Касемиро.