Револтираниот Нејмар се огласи откако не го повикаа во репрезентацијата: ‘Не можам да молчам’


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нејмар не доби повик за новото собирање на бразилската репрезентација пред пријателските натпревари против Франција и Хрватска кон крајот на март, и по објавување на списокот не го сокри разочарувањето.

Нејмар (34) се огласи откако бразилскиот селектор Карло Анчелоти го објави списокот на играчи на кои смета за натпреварите против Хрватска и Франција кон крајот на март во САД.

‘Морам да го кажам ова бидејќи не може да остане незабележано. Не можам да молчам…’, изјави Нејмар за бразилските медиуми и додаде:

‘Се разбира дека сум вознемирен и тажен што не сум повикан. Но, фокусот останува – ден по ден, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар. И натаму сме целосно концентрирани. Ќе го постигнеме нашиот цел. Пред нас е уште конечниот список’, порача одличниот напаѓач кој во последните две години беше уништен од повреди.