Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанската Серија А размислува да воведе правило на плејоф за двете екипи кои се борат за титула или за опстанок во случај да имаат ист број на бодови.
Во претходната сезона Милан ја освои титулата по 11 години, откако на крајот имаше два бода повеќе од градскиот ривал Интер.
Во борбата за опстанок, Салернитана изгуби од Удинезе со 0-4, но испадна Калјари кој не можеше да ја победи Венеција.
Плејоф системот би можел да се врати во Серија А по 58 години, а шампионската титула така се решаваше во сезоната 1963/64 кога Интер и Болоња имаа ист број на бодови по 34 кола.
Распоредот за новата сезона во Серија А ќе биде објавен на 24 јуни годинава.