Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер сити славеше на гостински терен кај Челси со 1-0 во 19. коло од англиската Премиерлига и така ја продолжи мизеријата на поранешниот европски шампион.
Челси имаше добро прво полувреме, иако Грем Потер направи две измени до 22. минута, но неговиот тим создаде неколку шанси кои не беа искористени.
„Граѓаните“ ја преземаа контролата врз мечот во вториот дел и трпеливо ја чекаа својата шанса за да постигнат гол, а тоа им успеа дури во 63. минута, кога Џек Грилиш го пронајде Ријад Марез.
Екипата на Пеп Гвардиола се врати на пет бодови негатива зад лидерот Арсенал, кој претходно одигра 0-0 против Њукасл.
Челси, од друга страна, во моментов има 10 бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед.