РФМ ги награди кадетите за освојувањето на ЕХФ-шампионатот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометната федерација на Македонија соопшти дека е исплатена премијата за ракометните кадети од 700.000 денари, кои го освоија првото место на ЕХФ-шампионатот во Рига, Летонија.

Овие момчиња обезбедија и пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, но и на Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во Хрватска.

„РФМ ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учество на Шампионатот во Рига. По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освоено прво место на EHF Championship М18 Latvia 2022 во Рига, како и за обезбедување пласман на М20 EHF EURO 2024 и обезбедено учество на MU19 WCH 2023 во Р.Хрватска“, соопштија од РФМ.