Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
По ужасната трагедија која ја потресе Кочани и целата земја, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара одложување на претстојниот натпревар против Словенија, кој е дел од квалификациите за Европското првенство (ЕП). Сепак, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одби ова барање, што значи дека натпреварот ќе се игра според првичниот распоред.
РФМ соопшти дека веднаш по трагичниот настан воспоставиле контакт со раководството на ЕХФ, при што апелирале за разбирање и солидарност поради националната катастрофа. Нештата станаа уште потешки кога беше потврдено дека животите на најмалку 59 лица се изгубени, а над 150 хоспитализирани. Но и покрај апелите и јасно изразените ставови, одложувањето не беше одобрено.
„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.