Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фиорентина донесе едно од најзвучните засилувања летово, откако го ангажираше 36-годишниот Франк Рибери, кој сигурно има што да покаже во италијанската Серија А.
Францускиот ветеран долго време преговараше со многу клубови, а пред неколку недели замина во Кувајт да потпише со Ал Насер, меѓутоа таквиот договор пропадна.
Рибери, наводно, се согласил на плата од четири милиони евра плус бонуси од еден милион евра во Фиорентина, а клубот ќе му плажа и приватен физиотерапевт.
„Среќен сум што стигнав тука со моето семејство. Разговарав со Фиорентина во претходните денови, како и со Лука Тони, кој ме убеди да се преселам во Фиренца“, порача Рибери.
?@FranckRibery È NOSTRO!
?➡️https://t.co/8f1EYAxb9H
? #WelcomeLegend#ForzaViola #QuestaÈFirenze ⚜️ pic.twitter.com/Idquh2K6E9— ACF Fiorentina (@acffiorentina) August 21, 2019