Ричардс кажа дека не би се навредил ако го наречат „црн човек“, но тоа предизвика бура на Твитер 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ го победи Башакшехир со 5-1, но натпреварот ќе остане во сенка на скандалот кој се случи во вторникот, откако четвртиот судија Себастијан Колетску го навредил Пјер Вебо на расна основа.

Интересен коментар по натпреварот имаше поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Мика Ричардс.

„Некој да влезе во просторијата и за мене да каже ‘овој црнец’ јас не би се навредил. Ако е вистина тоа што го зборува, тогаш сметам дека реакцијата на Пјер Вебо и Демба Ба се претерани. Треба да се почека целосниот извештај, можеби има нешто што не знаеме“, кажа Ричардс.

Неговата изјава предизвика големо внимание и поделени мислења на публиката ширум Европа, иако во поголем дел го поддржуваат Ричардс, сепак има и такви кои не се согласуваат со него.