Ричарлисон: Ван Дајк? Добар е, но можам да наведам тројца подобри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Sвездата на Евертон Ричарлисон тврди дека во моментов има тројца подобри стопери во светот на фудбалот од Вирџил ван Дајк на Ливерпул. Холанѓанецот, од друга страна, многу други го сметаат за најдобар централен дефанзивец на денешницата.

Ван Дајк веќе долго време се сметаше за стопер кој е невозможен да се помине, сепак, Ричарлисон е еден од ретките кои успеале во меѓувреме.

Ливерпул ќе ја продолжи сезоната и незапирливиот марш кон англиската титула в недела, со дербито со Евертон.

Иако Ван Дајк играше клучна улога во тимот на Ливерпул и оваа сезона, Ричарлисон не го смета за стопер кој се истакнува од другите.

“Луѓето зборуваат многу за него. Да, тој е одличен дефанзивец, но јас веќе го поминав… Тој беше избран меѓу трите најдобри играчи на светот и имаше одлична сезона. Но, за мене има подобри одбрамбени играчи”, рече Ричарлисон пред мечот со Ливерпул.

Тогаш Ричарлисон го доби прашањето: Кои се подобри стопер во моментот од Ван Дајк?

Бразилецот избра три: „Овие се Тијаго Силва, Маркинос и Серхио Рамос“.