Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Организаторите на Отвореното првенство на Италија во Рим ја објавија листата на учесници за мастерсот во главниот град на оваа Апенинска држава.
Најголемо внимание привлече враќањето на најдобриот тенисер на светот Јаник Синер на теренот, кој првпат ќе заигра тенис откако беше казнет поради допинг од почетокот на февруари.
Синер ја доби казната по Австралија опен, кој го освои во јануари, а од тогаш не беше на терен.
Петиот, последниот мастерс во сезоната би требало да ги види сите 78 најдобри тенисери на светот, ако нема неочекувани откажувања, па така ќе го гледаме и Новак Ѓоковиќ, кој овој турнир на земја го има освоено дури шест пати.
Во конкуренција за трофејот ќе бидат и Александер Зверев и Карлос Алкараз, но сè ќе биде појасно по завршувањето на турнирот во Монте Карло.
Фотографија: Jannik Sinner/Instagram