До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Рио Фердинанд, легендарниот одбранбен играч на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, откри дека поради сериозни проблеми со грбот, кои се последица од неговата играчка кариера, понекогаш мора да користи инвалидска количка и редовно завршува во болница. Фердинанд, кој денес има 47 години, минатата година се пресели со сопругата Кејт во Дубаи, каде што се соочува со болни последици од кариера во која одигра речиси 600 натпревари.
Иако на новите фотографии за еден магазин изгледа како да е во врвна форма, Фердинанд призна дека повредите кои со години ги игнорирал сега го достигнуваат. Со години користел инјекции и таблети против болки за да може да игра, а проблеми има и денес.
“Веќе долго имам проблеми со грбот. Ги влечам повредите од кариерата. Шест години играв под таблети и инјекции. Тоа остави последици. Имам тешки периоди со грбот кога морам да поминам неколку дена во болница или во инвалидска количка. Лудо е, но болката едноставно се појавува од никаде”, кажа тој.
Фердинанд и претходно зборуваше за физичките проблеми кои го мачеа кон крајот на кариерата, признавајќи дека жали што не се пензионираше во Манчестер Јунајтед наместо да одигра една сезона во Квинс Парк Ренџерс. Се надеваше дека кариерата ќе ја заврши во добар стил во родниот Лондон, но таа сезона се претвори во кошмар. Одигра само 11 лигашки натпревари, борејќи се со формата и повредите, а КПР испадна од лигата.
















