Ришарлисон ѝ даде два гола на Србија: Бразил пресилен за „орлите“ (Видео)


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Србија се надеваше на изненадување на стартот на Мундијалот, но сепак загуби од Бразил со 0-2 во првото коло во групата Г.

„Кариоките“ доминираа во текот на целиот натпревар, а Србија успешно ја чуваше мрежата недопрена до 62. минута кога Ришарлисон се најде на вистинско место по одбиената топка од ударот на Винисиус Жуниор и погоди за 1-0.

Ришарлисон го постигна и вториот гол по асистенција на Винисиус Жуниор, откако на фантастичен начин го матира голманот на Србија.

Бразил и Швајцарија имаат по три бода во групата Г, додека Камерун и Србија се без бодови.