Ришарлисон по шпекулациите: Секој фудбалер сонува за дресот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотнем, Ришарлисон во изминатите денови се поврзува со преселба во Реал Мадрид, а новинарите ги интересираше дали има вистина во тоа.

Ришарлисон призна дека ќе си го оствари сонот ако потпише за „кралевите“, но во моментов е под договор со Тотнем и такво нешто е тешко за реализација.

„Имам уште многу работи да му понудам на Тотнем, но нема да лажам. Да се игра во дресот на Реал Мадрид е сон на секој фудбалер во светот“, кажа Ришарлисон.