Ристевски ќе биде во конкуренција против Естонија и Ерменија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација доби добри вести на новите тестирања, затоа што Кире Ристевски беше негативен на коронавирусот и ќе биде во конкуренција за последните два натпревари од Лигата на нации.

Македонските фудбалери се борат за освојување на првата позиција во групата и пласман во Дивизијата Б, а во таа мисија нема да може да помогнат Столе Димитриевски, Горан Пандев и Аријан Адеми, кои ги ослободи селекторот Игор Ангеловски.

Сепак, добра вест за Ангеловски е тоа што ќе може да смета на услугите на Ристевски во следните два натпревари, а притоа во репрезентацијата беше повикан и Љупче Дориев.