Ристовска е најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометарка Сара Ристовски продолжи со одличните настапи за ЦСКА Москва и на последниот меч против Ростов Дон постигна пет гола.

Ристовска така ја престигна досегашната рекордерка по број на голови во историјата на клубот и застана на 475 погодоци на 152 меча.

Македонката стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а доколку остане во екипата, сигурно ќе го подобри својот рекорд.

Ристовска оваа сезона има шанси да ја освои титулата во руската Суперлига, а „мајсторката“ против Ростов Дон се игра на 4 јуни.