Ристовска избрана за најдобро десно крило во рускиот Куп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЦСКА Москва славеше против Ростов со 30-29 во финалето на Купот на Русија, а одличен настап имаше македонската ракометарка Сара Ристовска.

Ристовска постигна четири голови во победата на ЦСКА Москва, а беше избрана и во идеалниот тим за најдобро десно крило на турнирот.

Ова е трет трофеј за ЦСКА во Купот, откако претходно славеше во 2022 и 2023 година.