Ристовски доби специјален дрес од Динамо Загреб (Фото)

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски во неделата го одигра неговиот 100 меч во дресот на Динамо Загреб.

Искусниот бек доби специјален подарок пред натпреварот против Шибеник.

Динамо славеше со 4-0 против Шибеник, а Ристовски беше заменет во 81. минута.