Ристовски го напушта Спортинг и се сели во Русија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски најверојатно ќе го напушти Спортинг Лисабон и ќе се пресели во Динамо Москва, барем така најави „А’Бола“.

Ристовски не е во најдобри односи со тренерот на португалскиот тим Рубен Аморин, кој го префрли да тренира со играчите од трансфер-листата, па од тогаш Македонецот се поврзуваше со многу клубови.

Се шпекулираше дека може да се пресели во Бундеслигата, Серија А, но на крајот сепак Ристовски би можел да заврши во Русија, и тоа во екипата на Динамо Москва, кој покажал најголем интерес за неговите услуги.

Динамо планира да плати околу три милиони евра за Ристовски, а доколку не успеат во таа намера, тогаш ќе се обидат да го позајмат од Спортинг, по што следното лето ќе го откупат.