Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација запиша уште едно реми во квалификациите за Светското првенство и тоа е веќе трети меч без победа.
Македонија не искористи голема шанса за да скокне до второто место во групата, а по ова реми, во игра за баражот остануваат и Ерменија и Романија.
Романските медиуми објавија дека теренот е ужасен на Националната арена во Скопје, а Никола Станчиу откри дека капитенот Стефан Ристовски им се извинил поради тоа.
„Освоивме бод и за нас тоа е добар резултат. Кога ќе го погледнеме натпреварот мислам дека не заслуживме повеќе. Освен теренот беше очаен за игра, тешко се играше. Капитенот на Македонија пред почетокот на натпреварот ни се извини за состојбата во која се наоѓа“, кажа Станчиу.
Фото: ФФМ