„Ристовски ќе биде нов лидер на Динамо Загреб“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вчера го одигра последниот натпревар за Динамо Загреб, по што се сели во Кина, а неговата лидерска улога во тимот треба да ја преземе Стефан Ристовски.

Ристовски ќе биде нов лидер на Динамо Загреб, објави „Спортске Новости“, откако Адеми повеќе нема да биде де од екипата затоа што се сели во Пекинг Гуан.

„Динамо излегува стабилен со тренерот, кој ќе го однесе тимот до последниот свиок пред целта – титулата. Динамо остана без капитенот, но неговиот репрезентативен колега добива улога на лидер. Ристовски е лавот на терен, силата во одбрана, стрелец во нападот и лепак во соблекувалната“, пишува „Спортске новости“.