Ристовски: Не очекував дека ќе играм осминафинале во Лига Европа по бурниот период во Лисабон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во Динамо Загреб стигна оваа зима за еден милион евра од Спортинг Лисабон, а синоќа му помогна на хрватскиот гигант да обезбеди осминафинале.

Динамо славеше со вкупни 4-2 против руски Краснодар и така Хрватите заработија 11 милиони евра, а Ристовски го одигра цел вчерашен меч.

„Ова за мене е премија. Награда за целиот тим. Не очекував вакво нешто по бурниот период во Спортинг. Сега ќе играм осминафинале во Лига Европа. Му благодарам на Динамо, кој ми овозможи да се чувствувам како дома. Се надевам дека ќе ја продолжиме оваа серија“, вели Ристовски.