Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб вчера славеше со 4-2 против бугарски Лудогорец и дојде на чекор до пласман во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).
Динамо Загреб го чека пресметка против Бодо Глимт, кој лани го посрамоти Жозе Мурињо и неговата Рома со победата од 6-1, а хрватскиот тим и со пораз има обезбедено европска пролет зашто ќе игра во групите од Лига Европа.
„Го потврдивме местото во Европа, но одиме по пласман во ЛШ. Им честитам на моите соиграчи. Ќе го анализираме следниот противник во ЛШ, но прво ни доаѓа дербито против Хајдук“, кажа Ристовски.
Ристовски заедно со Аријан Адеми оваа сезона ќе се бори и за одбрана на титулата во Хрватска.