До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот десен бек Стефан Ристовски (34) од летото е член на Сараево во кое дојде по четири многу успешни сезони во Динамо. Во текот на неговиот престој во Загреб, Ристовски освои пет титули шампион и четири куп-трофеи, а сега во разговор за Vijesti.ba се присети на неговиот трансфер во Динамо од португалскиот Спортинг, на кој го наговори тогашниот шеф на клубот, Здравко Мамиќ:
„Господин Здравко го договори тоа. Јас бев во Спортинг, нешто се закомплицираа некои работи и морав да барам решенија. Но имав уште две години договор. Јас, со мојот менаџер, се договоривме да бараме трансфер, не позајмица, но никој не сакаше да плати.
Никој, нема шанси. Јас останав уште шест месеци во Спортинг, но не бев во тимот, туку само тренирав и играв за репрезентацијата. Така дојде зимскиот трансфер период, остануваат уште три дена. Давам збор на АЕК од Грција дека ќе дојдам на позајмица, а како дозна Мамиќ, не знам. И ме повика, прашува, дали сакаш да дојдеш кај нас. И јас реков, па секако. Вели, прв авион и веднаш доаѓај, а јас велам, па шефе, дадов збор на АЕК. Каков АЕК, па знаеш што сме ние за АЕК… Човекот го реши трансферот за 24 часа.”
.
















