Ристовски си ги пакува куферите и заминува од Спортинг Лисабон?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е во немилост на тренерот Рубен Афорим, кој го отстрани од првиот тим, па тоа е уште еден знак дека нашиот фудбалер ќе мора да си побара нов клуб.

Ристовски не е во добри односи со Аморим и најверојатно ќе го напушти Спортинг до крајот на преодниот рок, а сумата која ја бара португалскиот тим за него изнесува три милиони евра.

Тренерот и фудбалерот наводно се скарале затоа што Ристовски не бил во конкуренција за мечот против Фереира, а тоа го налутило, по што имале кавга со Афорим.