Ристовски со неверојатен гол го започна престојот во Сараево – ја „скина“ мрежата на Радник (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Стефан Ристовски, член на македонската репрезентација, забележа фантастичен почеток во клубот Сараево, со постигнување на спектакуларен гол на своето деби во дуелот против Радник Бијељина.

Ристовски се истакна во второто полувреме – со одличен потег го мина својот чувар, па го оцени моментот совршено и испрати силен и прецизен удар кој заврши во противничкиот гол.

Сараево поведе со солидна предност од 3-0, а навивачите веднаш беа воодушевени од играта на Ристовски, кој најави дека ќе биде сериозна аквизиција за тимот во текот на новата сезона.

Но, и покрај тоа, Сараево освои само еден бод на крајот од натпреварот со Радник (4-4).

Фото. Принтскрин