Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Стефан Ристовски на крајот од сезоната заминува од Динамо. Не е тоа нешто претерано ново, се знаеше веќе некое време дека Ристовски ја одби понудата за нов, помал и пократок договор, и дека е блиску до заминување од Максимир ова лето, кога ќе му истече договорот.
Но, ништо не беше дефинитивно, се чекаше доаѓањето на Звонимир Бобан и неговата идеја, можеби нов разговор за продолжување, иако многу брзо беше јасно дека Бобан нема да инсистира на неговото останување.
Но, сега нема повеќе дилеми, Ристовски се, практично, веќе се прости од Динамо и веднаш во понеделник, ден по натпреварот, би требало да го напушти Загреб. Каде ќе продолжи Ристовски со кариерата.
Фотографија: Принтскрин