Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб славеше против Риека (2-1) и направи исчекор кон титулата во хрватската лига.
Навивачите на Риека не беа среќни поради лошиот резултат и го навредуваа македонскиот фудбалер, односно неговата почината мајка.
„Не ве мразам, но ја загубивте мојоата почит. Семејството е поважно од сè. За тебе, мајко“, напиша Ристовски.
Динамо има четири бодови повеќе од Риека на три кола пред крајот на сезоната.