Ристовски заплака: Тука го допрев дното, но и се пласирав на Европско!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски даде интервју за ФФМ и кажа како го доживеал пласманот на Европското првенство.

Ристовски раскаж што се случувало во последните минути од натпреварот.

„Бев заменет на пет минути до крајот, знам дека судијата даде уште четири минути продолжение за игра. Седнав и реков, дали е ова реално уште четири минути нè делат од Европско. Кога свирна судијата, право истрчавме кај Горан. Таа прегратка кај него ја споделив прв и после славјето продолжи“, објаснува Ристовски.

Потоа кажа дека емоциите биле измешани, не знаел дали да се радува или да плаче по успехот.

„Дали да плачеш дали да се радуваш. Јас сум тука од првиот ден со селекторот Игор Ангеловски. Тука го допрев и дното, но и се искачи на врвот. Мило ми е за сите и за Горан и за селекторот. Создаде една хемија верба во нас. Ова го говорам од срце…“, кажа Ристовски.