Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Флориан Вирц ја воодушеви фудбалска Европа со феноменални игри во дресот на Баер од Леверкузен и не е никакво чудо што за неговите услуги се заинтересирани бројни големи клубови. Меѓу нив е и Баерн, но Баер „ја подигна рампата“ и не сака да го продаде играчот.
Баерн од Минхен го постави Флориан Вирц како главна трансфер цел за наредното лето. Спремни се Баварците да ја издвојат најголема сума во историјата на Бундеслигата за еден трансфер, но ривалот од Леверкузен нема да им дозволи да го добијат нивниот играч.
Очигледно е Баер да му здосадило што Баерн во Германија ги купува сите што вредат меѓу германските фудбалери. Одлучиле дека Вирц нема да го дадат во Минхен и тие моментално се само во преговори со Манчестер Сити.
„Флориан Вирц е главна цел на Баерн за наредното лето”, открива новинарот на германскиот „Скај“, Флориан Плетенберг.
„Макс Еберл веќе одржал одредени разговори и Баерн е спремен да потроши огромна сума. Меѓутоа, Леверкузен е одлучен да го блокира евентуалниот трансфер во Баерн“, наведува новинарот.