Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо нема дилема кога станува збор за иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“.
Аргентинецот минатото лето беше на излезна врата од каталонскиот гигант, но сепак реши да остане во Каталонија до крајот на оваа сезона.
Шпанските медиуми пишуваат дека расположението на првата ѕвезда на тимот се променило откако на претседателското столче стигна Жоан Лапорта.
„Барселона напредуваше во претходните недели. Меси е во одлична форма, а очигледно на екипата влијаеше и промената на претседател. Аргентинецот изгледа посреќно откако дојде Лапорта. Од таа причина мислам дека Меси ќе остане во тимот“, вели Бразилецот.
Тимот на Роналд Куман е втор во Ла Лига со четири бодови помалку од лидерот Атлетико Мадрид.