Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот бразилски фудбалер Ривалдо зборуваше за тоа дали Лионел Меси ќе ја напушти Барселона за друг европски гигант, откако во претходните денови се појавија шпекулации дека ќе потпише за Интер.
Меси кажа дека нема намера да потпише за Интер, а такво нешто потврдува и Ривалдо, кој смета дека Аргентинецот ќе остане во Каталонија.
„Бившиот претседател на Интер, Масимо Морати кажа дека сака да го ангажира Меси. Мислам дека Аргентинецот ќе замине од Барселона поради друг европски клуб“, кажа Ривалдо.
Меси има клаузула во договорот, според која би можел бесплатно да замине летово, но поранешниот фудбалер на Барселона вели дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“, а ако реши да замине, тогаш тоа ќе биде во некој кинески клуб или во МЛС-лигата.