Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вакви ситуации нема ривалство и други навивачки поделби, зашто цела јавност во Србија сака Огњен Кузмиќ набрзо да оздрави и да се врати на кошаркарските терени.
Партизан му посака побрзо оздравување на кошаркарот на Црвена Звезда, кој тешко беше повреден во сообраќајна несреќа, која се случи на пат од Бања Лука кон Приедор.
„Издржи Куз. На еепрезентативецот на Србија и кошаркарот на Ц. Звезда, Огњен Кузмиќ му посакуваме брзо и успешно оздравување“, пишува на профилот на Партизан.
Кузмиќ доживеа тешка повреда на главата и градниот кош, по што мораше итно со хеликоптер да биде префрлен во Клиничкиот центар во Белград.
Izdrži Kuz! ???
Reprezentativcu Srbije i košarkašu @kkcrvenazvezda Ognjenu Kuzmiću želimo brz i uspešan oporavak! #KKPartizan pic.twitter.com/4jagJyCzOw
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) July 14, 2019