Роберт Левандовски го избра идниот број 1: “Има 17 години и треба да размислува за наредните 10-15”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерата на Кристијано Роналдо и Лео Меси помина. На сцената се некои нови деца, а по прв пат по 2003 година во потесна конкуренција за Златната топка нема некој од споменатите двајца. 

Роберт Левандовски е уште еден од играчите кој беше на врвот за време на споменатата ера, односно и сега е како напаѓач на Барселона.

Со него во тимот игра 17-годишниот бисер, Ламин Јамал, за кој многумина сметаат дека во иднина ќе биде најдобар на светот. Ниту Полјакот не е исклучок.

Во разговор со странски медиуми, полскиот напаѓач истакна дека Јамал може да има долга кариера и треба да размислува за наредните 10-15 години.

“Јас го гледам Ламин Јамал како најдобриот крилен играч на светот. Но, не е важно како почнуваш, туку како завршуваш. Јамал има 17 години и треба да размислува за наредните 10-15 години, а не само за наредните 2-3 години. Може да има долга кариера”, истакна Левандовски.