Роберто Мартинез се огласи по повод трансферот на Азар во Реал Мадрид


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез го коментираше трансферот на капитенот на репрезентацијата на „црвените ѓаволи“ во Реал Мадрид.

„Реал Мадрид во името на Еден Азар доби феноменален фудбалер. За Азар не можеше да има други поглавја во кариерата. Секогаш велеше дека се чувствува како дома во Лондон, а Челси беше местото каде секогаш би сакал да биде.

Сепак, трансферт во Реал ќе биде перфектен за него. Сите со нетрпение очекуваме како неговото ново поглавје во Реал Мадрид ќе започне“- истакна Мартинез.