Робињо на Зидан му договорил трансфер на кариерата, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан во 2006 година на 34 години го одигра последниот меч во клупската кариера. Му останаа само натпреварите од Светското првенство, а неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Сисињо откри непознати детали од соблекувалната.

„Одигравме нерешено со Виљареал на домашен терен, но никој не се грижеше за тоа. Знаевме дека мечот е важен само поради тоа што се збогува еден од најдобрите фудбалери во историјата. Зидан беше емотивен цел ен, па така и по мечот, но сите останавме во добро расположение. Во такво расположение во соблекувалната влезе претседателот Флорентино Перез и кога дојде до Робињо, тој се пошегува и кажа дека Зидан нема да оди во пензија ако му понуди двегодишен договор од 6,5 милиони евра по сезона. Сите се насмеавме, но Перез беше сериозен. Сепак, Зидан ја одби понудата“, открива Сисињо.