Робињо објасни како Реал Мадрид му расипал трансфер во Челси: Тоа многу им пречеше…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Робињо беше голема надеж на светскиот фудбал, но никогаш не успеа целосно да ги оправда очекувањата.

Робињо уште како тинејџер во 2005 година стигна во Реал Мадрид од Сантош за 24 милиони евра, а во „кралскиот клуб“ имаше добар почеток, но подоцна се загуби на фудбалската сцена.

По три сезони го напушти Мадрид затоа што доби неверојатна понуда од Манчестер сити, па тој беше прва ѕвезда, која пристигна на „Итихад“.

Сити го плати 43 милиони евра, но Робињо ниту таму не ги оправда очекувањата. Сепак, тој сега открива дека имал желба да заигра за Челси, но преговорите не биле успешни.

„Моја цел беше да играм за Челси. Тогаш Сколари ми кажа дека ќе имам сигурно место кај нив. Сепак, Реал Мадрид лошо ги заврши преговорите со нив. Не им се допадна тоа што Челси почнал да продава дресови со мое име пред да се договорат“, открива Робињо.