Робињо приведен во Бразил – ќе отслужи затворска казна од девет години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Робињо беше приведен од полицијата во Бразил и однесен во затвор каде што треба да отслужи деветгодишна затворска казна поради силување.

Робињо беше осуден во Италија, но тој избега во татковината каде што уживаше на слобода. Сепак, италијанското обвинителство побара од властите во Бразил да го приведат поранешниот фудбалер.

Да потсетиме, Робињо во 2013 година заедно со неговиот пријател Рикардо Фалко и уште четворица мажи силувале млада девојка во тоалет во ноќен клуб во Милано.