Родена е новата ѕвезда: Кој е норвершкиот тинејџер што ја освои Европа? (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Норвешкиот тинејџер Ерлинг Холанд ги засени сите резултати во Лигата на шампиони, откако постигна хет-трик во победата на Салцбург од 6-2 против Генк во првото коло од елитното европско натпреварување.

Холанд стана најмладиот фудбалер кој постигна хет-трик на своето деби во елитното натпреварување. Сепак, младиот играч блеска и во норвешкото првенство, кадешто веќе има постигнато 11 гола на седум меча.

Тинејџерот и претходно најави дека ќе биде идна ѕвезда во европскиот фудбал, откако за репрезентацијата на Норвешка до 20 години успеа да постигне дури девет гола против Хонудрас.

Холанд има 193 сантиметри, но неговата висина не е најсилна страна, туку негово оружје е „топовската левица“, која ги „кине“ мрежите на противниците.