Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Најдолго очекуваниот меч оваа година – финалето на мастерсот во Рим меѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер – сè уште привлекува внимание во тенискиот свет. Неизвесниот прв сет, потоа убедливата победа на Шпанецот во вториот многумина ја припишуваат и на фактот дека за најдобриот тенисер на светот ова беше првиот турнир по завршувањето на тримесечната суспензија.
Од друга страна, за Алкарас ова е четврта последователна победа против Синер, не загубил од него околу година и пол, уште од полуфиналето на Кинескиот опен во Пекинг, во октомври 2023. Значи, не е само долгиот застој причина.
Енди Родик, поранешен број 1, токму овој детал го коментира во интервју за „Тенис канал“:
– Карлос има една предност против Јаник која другите тенисери ја немаат – истакнува Американецот. – Неговата широка палета удари го прави непредвидлив за противниците, а тоа е она што не му одговара на Синер. Ако знае што ќе одиграте против него, ќе ве победи. Но, ако не знае, тогаш имате добра шанса, а токму тој квалитет го поседува Алкарас.
Фотографија: Принтскрин