До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот американски тенисер Енди Родик ја коментираше изјавата на Новак Ѓоковиќ по завршувањето на Австралискиот Опен.
Новак по поразот во финалето од Карлос Алкарас изјави дека не знае дали ќе игра и следната година во Мелбурн.
Родик верува дека и самиот Ѓоковиќ не знае уште колку ќе игра, бидејќи тоа многу зависи и од неговата форма, кондиција.
“Тој знае дека е Новак и дека тие мали чуда живеат во него. Ако тоа го кажал во Австралија, тоа е затоа што не знае што ќе се случи”, рече Родик и додаде:
“Сака да зборува за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, но една посериозна повреда би можела да го пензионира”.
Новак од понеделник повторно е во Топ 3 тенисери на АТП-листата, првпат после една и пол година.
















