Родител кој нападна деца на натпревар меѓу Брегалница и Шкупи во Штип доби затворска казна


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Судот во Штип донесе одлука за 11 месеци затвор за 43-годишниот А.А., кој за време на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи физички нападнал млади фудбалери.

Инцидентот се случил при крајот на натпреварот, кога судијата му даде втор жолт картон на неговиот син. По што следувала расправија и физички контакт меѓу младите играчи, а набрзо потоа, во конфликтот се вмеша и таткото.

Тоа лице влета на теренот и со насилство нанесе тешки телесни повреди на двајца малолетни играчи.