Роднина на газдата на ПСЖ: Мбапе ќе си оди, тешко е да задржите некој што не е среќен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не постои поголема трансфер сага од таа на Килијан Мбапе, зашто засега не се знае 100 отсто сигурно дали ќе остане во ПСЖ или ќе го напушти тимот, па ќе потпише за Реал Мадрид.

Без оглед на потписот со Лионел Меси, Мбапе е најдобар играч на ПСЖ, но неговата иднина не е позната. Сепак, „Мундо Депортиво“ пишува дека Французинот ќе замине од тимот.

Насер Ал-Атија, тикратниот освојувач на Дакар, како и роднина на катарскиот емир кој е газда на ПСЖ, го кажа неговото мислење за ситуацијата со Мбапе.

„Знаете… Кога некој сака да го напушти тимот, не е лесно да го задржите. Меси е најдобар во свет и не е важно колку години има. Ги освои сите можни трофеи и сега игра на врвно ниво“, кажа Ал Атија.