Родри: Арсенал нема победнички менталитет!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Манчестер сити ја освои титулата во Премиерлигата, а еден од најважните фудбалери Родри кажа дека уште еднаш покажале кој е главен на Островот.

Арсенал се бореше со Манчестер сити до последното коло за титулата, но не успеа да ги симне „граѓаните“ од тронот.

„Најважен е менталитетот. Арсенал имаше неверојатна сеазона, но разликата беше во менталитетот. Кога дојдоа тука, видов дека не сакаат да нè победат, туку да одиграат нерешено. Ние не размислуваме така“, кажа Родри.