Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за наградата „The Best“, која се доделува на најдобриот играч во светот. ФИФА воведе новина кога станува збор за гласањето. Досега во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите репрезентации во светот, како и новинари, а сега и навивачите ќе имаат можност да гласаат за еден од 11 кандидати.
Интересно е што главниот дел од играчите на листата се од Реал – дури шестмина: Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, кој е еден од водечките кандидати заедно со Родри (Манчестер Сити) за трофејот.
Во конкуренција се и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Флоријан Вирц (Бајер Леверкузен), Ламин Јамал (Барселона), како и Лионел Меси (Интер Мајами) кој минатата година по осми пат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Бајер Леверкузен).