Родриго и Белингам стрелци против Брага за нови бодови на Реал Мадрид (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Брага со 2-1 во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Првиот гол на „кралевите“ го постигна Родриго во првото полувреме, по што во вториот дел во листата на стрелци се запиша Џуд Белингам.

Брага намали на 1-2 преку Дјало во 63. минута, а домаќините немаа сила за нов погодок и спас од пораз.

„Кралевите“ се први со девет бодови, по што следи Наполи со шест, Брага со три и Унион Берлин без бодови.