Родриго ја покажа атрактивната девојка со која планира да се венча (Фото)

Талентираниот бразилски фудбалер Родриго му помогна на Реал Мадрид со два гола да обезбеди место во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Граѓаните“ имаа водство од 1-0 во Мадрид до 90. минута, а потоа следеше шоу на Родриго, кој постигна два гола за продолженија во кои Карим Бензема реализираше пенал за победа од 3-1 на „кралевите“.

Младиот херој стана хит во медиумите, а притоа популарност добија и неговата мајка, како и девојка му Луана Атик Лопез.

Луана е атрактивна русокоса која го освои срцето на Родриго, иако во минатото не се пишуваше премногу за нив, но познато е дека Бразилецот планира да се венча со неа.