Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот бразилски фудбалер Родриго пристигна во Реал Мадрид од Сантос на почетокот на оваа сезона за 45 милиони евра.
Овој 19-годишен офанзивен играч имаше солидна минутажа во првиот дел од сезоната, но потоа се „загуби“ во тимот на кралскиот клуб. Родриго оваа сезона има одиграно 18 натпревари во сите натпреварувања за Реал и има постигнато седум гола.
Сепак, тој во последно време не игра во тимот на Зинедин Зидан, што е изненадување за многумина. Бразилецот во моментов игра за резервниот тим, Реал Мадрид Кастилја.
Родриго требаше да се врати во составот за Ел Класико, откако се повреди Еден Хазард, но тоа не е можно по добивањето на бизарен црвен картон, играјќи за Кастиља.
Тоа се случи на натпреварот против СС Рејес кога Родриго постигна неверојатен гол, а потоа го провоцираше противничкиот голман со својата прослава и доби црвен картон.
Правилата се такви што тој не може да игра за првиот тим ако му се даде црвен картон во резервниот тим. Очигледно, голманот прво го испровоцира Родриго, но тој помина без предупредување.
Rodrygo solo goal with Castilla and being sent off after responding to goalie provocation (goalie didn’t get a yellow)pic.twitter.com/mySTllDrdG
— RM Play ▶️ (@RMPIay) February 23, 2020